По повод 5 годишнината од настаните кај Вејце, Градоначалникот Владимир Талески со делегација од Општина Битола положи свежо цвеќе на гробовите на трагично загинатите припадници на полициските сили од Битола. Свежо цвеке исто така беше положено и на споменикот на паднатите бранители во с.Оризари.