ШЕСТ ОБЈЕКТИ ОД КАСАРНАТА ВО СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

ШЕСТ ОБЈЕКТИ ОД КАСАРНАТА ВО СОПСТВЕНОСТ НА ОПШТИНА БИТОЛА

 

Градоначалникот Талески одржа работна средба со Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и Министерот за одбрана Зоран Коњановски. По средбата Министерот Коњановски му предаде на општината во трајно владение шест објекти од касарната со вкупна површина од 60.000 м2.
Исто така беше одржана и презентација на урбанистичкиот план и визијата на општината за Касарната односно новиот комплекс „Златен рид”
Во тек е конкурсот на Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за одбрана и општина Битола за 22 локации наменети за згради, трговски центар, образование, катна гаража, хотели.