АЕРОМИТИНГ НА СПОРТСКИОТ АЕРОДРОМ ЛОГОВАРДИ

АЕРОМИТИНГ НА СПОРТСКИОТ АЕРОДРОМ ЛОГОВАРДИ

Во склоп на манифестацијата БИТОЛА ГРАД НА КУЛТУРАТА 2008, на 24 и 25 мај на спортскиот аеродром во Битола по прв пат се организира АЕРОМИТИНГ.
Покровител на настанот беше Градоначалникот г-дин Владимир Талески,а организиран е од страна на Аероклубот „Мирко Тодоровски” – Битола.
На Аеромитингот учествуваа пилоти од  сите Аероклубови во Македонија, приватни пилоти, падобранци и останати ентузијасти. Како специјални гости присуствуваа припадниците на Воздухопловниот Винг на РМ (Воено воздухопловство) , представници на хеликоптерската единица од МВР на РМ, представници на Управата за воздушна и цивилна пловидба со воени летала, хеликоптери и акробатски леатала.
Исто така овој Аеромитинг им го привлече вниманието и на неколку дипломатски претставништва во Македонија.
Настанот се организира по прв пат во нашата држава и е од големо значење за промовирање на воздухопловството во Македонија.
Неколку Битолски фирми помогнаа настанот да биде успешен:ИМБ Млекара Битола, Пела Роса, Лозар Пелистерка, Цермат, Божиновски часовници и накит, волонтерите на ЦКД Битола, Ред Бул и кафе бар БАЗА.