Во рамките на акцијата Нека биде чисто Битола 2008 , се реализира акција за собирање на пластични шишиња ( 10 денари за 20 шишиња). Шишињата се собираа на четири пункта:
- Кај ОУ „Климент Охридски“
- Кај ОУ „Тодор Ангелевски“
- Кај Центарот за социјални работи
- Кај Маркетот ВЕРО (нас.Ремо)
Акцијата побуди голем интерес кај граѓаните и се собраа над 250 000 пластични шишиња