Градоначалникот Талески ги прими гостите од Кременчук предводени од Градоначалникот ГЛУХОВ Николай Владимирович. На средбата се разговараше за идната соработка помеѓу Битола и Кременчук, а беа запознати гостите и со нашиот град бидејќи ова е нивно прво доаѓање во Битола.
Делегацијата од Кременчук го посети и Средното медицинско училиште „д-р Јован Калаузи“ каде беа запознати со насоките и наставните програми.
Ваков училишен центар има и во Кременчук така да постои можност за соработка.
Градоначалникот Талески ја отвори изложбата „Хераклеа бисер на антиката“ во организација на Завод и музеј Битола, а која е во рамките на програмата за прослава на 4 Ноември.
Традиционална трибина „Битола низ вековите“ во организација на Педагошкиот факултет-Битола.
Самостојна изложба на Пеце Лавчаноски во организација на Детското ликовно студио. Изложбата ја отвори Градоначалникот Талески.