Општина Битола ја посети Претседателот на Р.Хрватска Н.Е. г-дин Стјепан Месиќ. Тој оствари прво средба со Градоначалникот Талески , а потоа заедно се упатија кон Конзулатот на Р.Хрватска во Битола кој беше свечано отворен во присуство на видни луѓе од градот и државата. Г-динот Месиќ и Градоначалникот Талески ја посетија и Католичката црква во Битола , како и археолошкото наоѓалиште „Хераклеја“.