Трибина „Граѓаните имаат збор“

Трибина „Граѓаните имаат збор“

 

Општина Битола беше домаќин на трибината „Граѓаните имаат збор“ на која зборуваа Претседателот на Собранието на РМ г-дин Љубиша Георгиевски  и пратениците  од Битола. Граѓаните имаа можност да им поставуваат директно прашања на нивните избраници и да се информираат за прашања кои се од нивен интерес. Исто така г-дин Георгиевски имаше средба и со Градоначалникот Талески.