Битола со европско темпо – 3 Ноември

Битола со европско темпо – 3 Ноември

 

Градоначалникот Талески во кабинетот ја прими делегацијата од Епинал- Р.Франција   и Стари град –Београд –Р.Србија . Беше разговарано за досегашната и идна соработка помеѓу градовите.

Гостите од збратимените градови го посетија античкиот град Хераклеа и собата на Кемал Ататурк.

 

Традиционална ноќна атлетска трка од Камен мост до плоштадот Магнолија. Трката е во организација на Сојуз на спортови , а на неа покрај учениците од основните и средни училишта  присуствуваа Габриела К.Трајковска, Заменик претседател на Владата на РМ, Зоран Коњановски-Министер за локална самоуправа, Н.Е. Ерван Фуере –Шеф на Мисијата на ЕУ во РМ, Градоначалникот Владимир Талески, претставници од Собранието на РМ, Советот на Општина Битола, Градоначалниците од Еврорегионот, претставници од збратимените градови со Општина Битола.

Интернационална вечер за Битола во организација на Организација на жени- Битола.

Градоначалникот Талески ги поздрави присутните на финалната вечер на детскиот фестивал „Тра-ла-ла“