Промовирана Туристичка мапа на центарот на градот

Промовирана Туристичка мапа на центарот на градот

 

Промовирана Туристичка мапа на центарот на градот во присуство на Градоначалникот Талески.                                  
Мапата има атрактивен дизајн, квалитетна хартија, со мал формат, практична, со многу корисни информации.
На мапата со помош на легенда  можат да се најдат сите потребни информации, како што се Туристички Информативен Центар, хотели, ресторани, туристички агенции, верски објекти, банки, институции, плоштади, конзулати, сервисни служби и итни повици, паркови, стоковни куќи, рент- а- кар, спортски објекти и др. со телефонски броеви.
Угостителските објекти кои се надвор од градот, исто така се застапени на мапата.
Слоганот на мапата е “Следете ја златната линија” којашто најзначајните десет места за посета , ги поврзува и е обележана на мапата. Меѓу нив се најголемите атракции достапни за посета од туристи.