ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА 18 ИЗАДАНИЕ НА АМЕТЕРСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕТСИВАЛ „КАМЕРА 300”

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ НА 18 ИЗАДАНИЕ НА АМЕТЕРСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕТСИВАЛ „КАМЕРА 300”

 Во малата сала на Центарот за култура во присутсво на голем број на гости од други држави, градоначалниците на Битола, Новаци и Могила и други битолчани свечено беа доделени наградите на 18 издание на ФАДФ “Камера 300”.
Од определените филмови во званичната програма наградите ги понесоја најдобрите филмови на фестивалот и тоа: Највисоката награда ГРАН ПРИ ПЛАКЕТА МИЛТОН МАНАКИ ја доби филмот “ПЛАЧОТ НА КАСАНДРА” од авторот Ролф Мандолеси од Италија.
Златна камера 300 за најдобар филм ја понесоја “ВРЕМИЊАТА СЕ МЕНУВААТ”  од авторите Барбара и Берхард Зимерман од Германија и авторот Богоја Пусторекански од Македонија за филмот “ПОМОГНИ МИ ДА ТИ ПОМОГНАМ”.
Сребрената Камера 300 исто така за најдобар филм му припадна на “МИСТЕРИЈАТА НА РУСАЛКА”  на авторката од Естонија Катерина Хитрушина и филмот “ПОРТИ И ПОРТАЛИ” на авторот Стефан Хаџи Андоновски од Битола.
Бронзената Камера 300 за најдобар филм им припадна на филмовите “ТРКАЛАЊЕ ТРКАЛА” на Петр Баран од Чешка и “ПОЕТОТ ОД ДРЕНОК”  на Петре Чаповски од Македонија.
Во категоријата на авторските награди наградата за најдобра камера Градоначалникот Талески  му ја  додели на  Љупчо Петровски од Битола за филмот “ПЕШТЕРСКА РАПСОДИЈА”.
Наградата за режија која од оваа година го носи името “НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА ДРАГИ САВЕВСКИ” како признаниена прерано починатиот режисер и член на Кино клубот Милтон Манаки од Битола ја доби авторот Франц Копич за филмот “КАМШИК” од Словенија.
Наградата за монтажа му припадна на Владимир Илиев за филмот “ЖАРЧИЊА” од Бугарија и наградата за идеја ја доби Петар Ставрев од Битола за филмот “ВРАЌАЊЕ
За време на свеченото отворање на фестивалот на долгогодишниот автор и активист на полето на аматерското филмско творештво и еден од иницијаторите на ФАДФ “КАМЕРА 300”, Стефан Хаџи Андоновски на предлог на Кино сојкузот на Македонија му беше доделено Високото признание од страна на УНИКА-светската асоциација на аматерскиот филм, “ГОЛЕМАТА ЗЛАТНА ПЛАКЕТА НА УНИКА”.