ОТВОРЕН АМЕРИКАНСКИ ОБРАЗОВЕН ЦЕНТАР ВО БИТОЛА

ОТВОРЕН АМЕРИКАНСКИ ОБРАЗОВЕН ЦЕНТАР ВО БИТОЛА

Градоначалникот Талески о претставникот  од Амбасадата на САД во РМ имаа чест да го отворат Американскиот образовен центра во Битола,сместен во ОУ „Гоце Делчев” .

Целта  на овој Американски образовен центар е и Битола да се здобие со Центар за тестирање на потенцијални студенти кои би студирале на Универзитетите во Америка. Сега во овој Центар ги има сите потребни тестови кои се потребни за стекнување на статус американски студент, што се однесува до познавањето на англискиот јазик. Тука ќе се оценуваат битолчани за нивото на познавање на јазикот и ќе им се доделуваат оценки за тоа. Стандардизираниот тест за оценка на нивото на познавање на англискиот јазик им помогнал на многу македонски студенти да се школуваат во Америка, а во изминатата година за ваков тест се пријавиле околу 150 лица.
Во отварањето на центарот свој придонес даде и Општина Битола околу обезбедување на просторот и внатрешното уредување.