ОБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ

ОБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРИТЕ

По повод денот на пожарникарите се оддржаа неколку настани пред зградата на Територијалната противпожарна единица и на плоштадот “Гоце Делчев“.
Градоначалникот Талески одржа смотра пред  пожарникарите  и  му ги предаде клучевите од двете противпожарни возила кои Владата ги додели на општините  на командирот Костадин Поповски . Исто така ги  посети и двете нови простории за одмор и за рекреација на пожарникарите, целосно реконструирани и уредени со нови справи за вежбање.
Градоначалникот Талески  положено свежо цвеќе  на споменикот пред пожарната.
Во вториот дел беше одржана вежба на плоштадот „Гоце Делчев“ со цел и граѓаните поблиску да се запознат со  активностите на пожарникарите.