Антикорупциски стратегии на локално ниво

Антикорупциски стратегии на локално ниво

Општина Битола е избрана за модел општина во која ќе се развиваат стратегии за спречување на можноста за корупција на локално ниво кои подоцна ќе можат да се користат како пример за организација во другите општини во земјата. Проектот го реализира ФИООМ, а од 15 апликанти, покрај Битола, право да учествуваат добија уште и Општина Охрид и Општина Ѓорче Петров.