АРХИЕРЕЈСКА СВЕТА БОЖЕСТВЕНА ВОСКРЕСНА ВЕЛИГДЕНСКА ЛИТУРГИЈА

АРХИЕРЕЈСКА СВЕТА БОЖЕСТВЕНА ВОСКРЕСНА ВЕЛИГДЕНСКА ЛИТУРГИЈА

Градоначалникот на општина Битола М-р Владимир Талески присуствуваше на Светата Архиерејска Божествена Воскресна Велигденска литургија во Црквата Свети Великомаченик Димитриј, од каде што на своите сограѓани им ги честита Велигденските празници:

Со желби за добро здравје, среќа, мир и благосостојба на сите верници од православна вероисповед им го честитам најголемиот христијански празник, Воскресението Христово – Велигден.
Големината и духовната вредност на овој празник не потсетуваат на највредното во човекот – љубовта и верувањето.
Нека светлината на овој ден влезе во домовите на сите граѓани дарувајќи им духовна смиреност и спокој во семејствата, бериќет, добрина и правдољубие.
Денес, на овој ден кога се радуваме на Воскресението Христово и ја славиме добрината, посакувам сите ние, верувајќи во нашиот Бог, достојно следејќи го Христовиот пат, давајќи се од себе, да продолжиме да помагаме и даруваме, да создаваме дела за достоинствен и среќен живот на сите наши граѓани.

Честит Велигден!

Нека ни е за многу години!

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!