СЕ АСФАЛТИРААТ 8 КРАЦИ НА УЛИЦА СТРУШКА

СЕ АСФАЛТИРААТ 8 КРАЦИ НА УЛИЦА СТРУШКА

Изградбата на подземна инфраструктура и асфалтирањето на повеќе локации во Битола продолжува. Денеска, во завршна фаза се активностите на ул. Струшка:
„Денеска го завршуваме петтиот од предвидените осум краци на улица Струшка и со оваа динамика ќе ги завршиме сите 8. Тоа беше по барање на мештаните. Често пати доаѓавме тука, а ова е малку тежок терен за работа. Работиме со Нискоградба, подземната инфраструктура е завршена, сега финишираме со асфалтирање. Се работи за интервенција на водоводна мрежа и канализација во вредност од околу 2 500 000 денари и сега интервенираме на асфалтирање на сите овие краци на улица Струшка во вредност од околу 4 500 000 денари. Целата интервенција е околу 7 000 000 денари“, изјави градоначалникот на општина Битола м-р Владимир Талески.
Мештаните го изразија своето големо задоволство од интервенцијата, а исто така укажаа и на приоритетите на кои во идниот период треба да се посвети посебно внимание. Во овој дел на општина Битола во идниот период ќе се интервенира на ул.Мукос, каде што ќе има изградба на мешовита канализација.