НОВА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА НА УЛ. М.Т ЖИВКОВИ

НОВА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА НА УЛ. М.Т ЖИВКОВИ

Започнаа активностите за промена на канализационата мрежа на улица М.Т Живкови во централното градско јадро. Градоначалникот на општина Битола м-р Владимир Талески денес на терен информираше за текот на градежните активности и во овој дел на Битола:
„Овде имаше проблем со канализацијата, во дел од куќите влегуваше и вода, прво имаме замена на канализационата мрежа во должина на 221 метар, потоа ќе се замени водоводната инфраструктура и улицата ќе се преасфалтира. Градежната сезона е во полн ек и работиме на повеќе делови на нашата општина. Во подготовка е улицата Кирил и Методиј, таму деновиве работевме на улицата 29 ти ноември, работевме насекаде каде што имавме зацртано програма и план за работа според планот и програмата на Советот на општина Битола и оние проекти кои што ги имаме веќе завршено. Работиме во изведувачкиот дел. Во текот на летото сеуште има процес на тендерирање, така што оние проекти кои што ќе бидат завршени ќе се тендерираат и во следните две фази и таму ќе ги завршиме потребните работи, изјави градоначалникот на општина Битола м-р Владимир Талески.
Промената на канализационата мрежа е во вредност од 2 830 000 денари, а изведувач е КЈП Нискоградба – Битола.
„Градоначалникот има предвидено голем број улици. Во добар дел и ние учествуваме. Оваа улица поврзува две главни улици, тоа е Солунска и Никола Тесла. Со канализацијата веќе е започнато од Никола Тесла, една четвртина од улицата веќе е направена и понатаму се вади стариот асфалт, ќе се копа за канализацијата, а во текот на летниот период ќе се стави и вода и оваа улица ќе биде асфалтирана и ќе биде поврзување помеѓу Солунска и Никола Тесла“, изјави Кире Крстевски, директор на КЈП Нискоградба Битола.