ВТОРА СЕДНИЦА НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

ВТОРА СЕДНИЦА НА ПЕЛАГОНИСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

Советот за развој на пелагонискиот плански регион денес во Битола ја одржа својата втора редовна седница со која претседаваше градоначалникот Владимир Талески и на која беше утврдена динамиката за реализација на одобрените проекти во овој регион, од Бирото за регионален развој во Република Македонија.
Реализацијата на проектите ќе се одвива до крајот на месец декември со што ќе биде обезбедена целосна финансиска поддршка, рече градоначалник Талески кој воедно е претседател на Советот за развој на пелагонискиот регион.
-До крајот на годината ќе реализираме девет проекти чија вредност е 6,2 милиони денари а се посветени на деветте општини во пелагонискиот регион. Иато така,  во наредниот период директно ќе соработуваме со германската канцеларија на ГИЗ-РЕД во Македонија со која планираме заеднички проекти посебно во помалите општини од нашиот регион, изјави градоначалникот на општина Битола, м-р Владимир Талески.
Градоначалникот Талески потврди дека во наредниот период ќе се утврдуваат проекти за соработка и партнерска активност со општини од соседните држави за што се евидентирани шест тематски категории, како и методи за подготовка на документација за проекти од регионално значење.