ГРАДЕЖНАТА СЕЗОНА ВО БИТОЛА УШТЕ ТРАЕ СЕ АСФАЛТИРААТ УЛИЦИ

ГРАДЕЖНАТА СЕЗОНА ВО БИТОЛА УШТЕ ТРАЕ СЕ АСФАЛТИРААТ УЛИЦИ

Градоначалникот Талески ја посети улицата „Стале Попов” во населба Недопирливи  која се асфалтираше  за викендов и ги најави следните улици кои до крајот на сезоната ќе бидат асфалтирани.
Работите продолжуваат и на започнатите проекти, односно се подготвува асвалтирање на улиците: “Цар Самоил”, “Девејани”, “Димче Лахчански”, “Крушево”, како и други улици. Исто така Градоначалникот Талески ги најави  работите  кои  ќе започнат од кај раскрсницата кај “Гроздот” се до кај Уредот, каде се ќе заврши со голем кружен тек.