ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА ВО РМ

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА ВО РМ

Градоначалникот Талески го отвори настанот на кој се презентираше концептот на општествена одговорност на претпријатијата во РМ
На присутните им се обратија Глигор Михаиловски, Македонска развојна фондација за претпријатија и Владимир Петковски, автор на Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија.

Презентацијата е дел од проектот ““Поддршка за реализација на Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата во Република Македонија“, чиј носител е Министерството за економија на Република Македонија во партнерство со Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението Конект. Настанот се организира во соработка со Регионалната развојна агенција на Пелагонија – ПРЕДА.