Асфалтирање на четири улици во Битола

Асфалтирање на четири улици во Битола

Четири улици во Битола добија комплетно нови, подобри инфраструктурни услови. Денеска се асфалтираше улицата 22 ри јули, со што завршени се активностите од уште еден голем пакет на улици:

„Во овој дел на нашата општина интервениравме на неколку улици. На сите нив интервениравме со подземна инфраструктура, водоводна мрежа, канализација, тампонирање, ивичници и асфалтирање. Во ова опкружување, покрај оваа улица „22 ри јули“, исто така средени се улиците „Таку Димитровски“, „Јоаким Крчовски“ и „Методија Трајковски“. Се работи за четири улици кои што долго чекаа на интервенција и вкупната вредност на овој пакет изнесува 13 100 000 денари. Ова е дел од пакетот што го направивме со ГП Гранит од каде максимално подготвено излегоа на терен на сето она што значеше можеби најголемата интервенција во простор воопшто откога постои локалната самоуправа, изјави Градоначалникот на Општина Битола, м-р Владимир Талески.

Интензивната градежна сезона во Општина Битола продолжува се додека тоа го дозволуваат временските услови. Во овој период, ќе биде завршена реконструкцијата и на другите улици, каде што активностите се во тек, а ќе бидат направени и подготвителни активности за почеток на реализацијата на останатите предвидени проекти за кои проектната документација е изготвена.