Делегација од над 30 тина турски стопанственици, предводена од амбасадорот на Република Македонија во Република Турција, денес ја посети Општина Битола. Гостите најпрво ја посетија Спомен собата на Мустафа Ќемал Ататурк во битолскиот Завод и музеј, а потоа остварија работна средба со битолските стопанственици. На средбата со битолскиот градоначалник, м-р Владимир Талески, го искажаа својот голем интерес за идни инвестиции во Битола:
„Се заинтересираа за нашата Индустриска зона Жабени, за популарниот „Златен рид“ како што сега го нарекуваме поранешниот простор на Дом на АРМ, а што е најинтересно се заинтересираа и за спортскиот аеродром во Логоварди. Според ваквиот интерес очекувам во идниот период и нивни конкретни инвестиции“, изјави Градоначалникот на Општина Битола.
После посетата на Општина Битола, турската делегација стопанственици продолжија со посета на конкретните локации за кои што беше разговарано на средбата.