ТРАДИЦИОНАЛНА АТЛЕТСКА ТРКА

ТРАДИЦИОНАЛНА АТЛЕТСКА ТРКА

Во рамките на четвртоноемвриската програма вчеравечер во Битола се одржа традиционалната ноќна атлетска трка. На трката се натпреваруваа над 1200 учесници од основните, средните училишта, студенти и граѓани, а за прв пат учество зедоа и третооделенците. На најдобрите од сите категории, во машка и женска категорија Градоначалникот на општина Битола им додели специјални признанија.