ДОНАЦИЈА НА ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО ОД ГРАДОТ ЕПИНАЛ ЗА ОПШТИНА БИТОЛА

ДОНАЦИЈА НА ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО ОД ГРАДОТ ЕПИНАЛ ЗА ОПШТИНА БИТОЛА

Како подарок за роденденот на градот, општина Битола од збратимениот град Епинал доби донација противпожарно возило. Возилото е од големо значење, а неговата добра состојба ја потврди и градоначалникот на општина Битола:
„Се работи за противпожарно возило кое што е наменето за шумски пожари и оваа можност ја користам директно да се заблагодарам на градоначалникот на Епинал и на департмантот на Вогезите кои се најзаслужни што ова возило денеска е во Битола. Мислам дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму“, изјави Градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.
Соработката со Франција продолжува понатаму во сите сфери на општественото живеење.
„За мене не е само задоволство и чест што го претставувам мојот претседател, туку и што можам да се сретнам со моите колеги и да одржам едно ветување што го дадов пред една година на средбата со градоначалникот на општина Битола, односно да направам се што е возможно од моја страна за да помогнам за подобрување на функционирањето на пожарната во Битола. За ова да се реализира потребна беше соработка од повеќе страни“, изјави Фабрис Крусиер, командант на ПП во Епинал.
Најголемиот бенефит од ваквата донација ја потврдуваат оние кои директно се вклучени во заштитата на животната средина – противпожарникарите:
„Денешниот подарок – теренско моторно возило, рено 4х4 носивост 2 тона е од огромно значење за нашата единица, затоа што сега имаме 4 специјализирани возила за шумски пожари“, изјави Костадин Поповски, командир на ТППЕ Битола.