„ПАРТНЕРИ ВО РЕФОРМИТЕ“ – ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ И ПРОЕКТИ ПОДДРЖАНИ ОД ЕУ

„ПАРТНЕРИ ВО РЕФОРМИТЕ“ – ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ И ПРОЕКТИ ПОДДРЖАНИ ОД ЕУ

 

Изложбата опфаќа селекција од 20 проекти/програми што се финансирани од страна на Европската Унија, а кои даваат илустрација за широкиот опфат на поддршката од ЕУ, од големи проекти за инфраструктура и животна средина,  до мали грантови за НВО, грантови што поддржуваат истражувања и иновација, правосудни реформи, заштита на благосостојбата на луѓето и животните, културна размена, поддршка за малите и средните претпријатија итн. Секој проект или област на дејствување е придружено со кратка информација. Откако се воведе ИПА, повеќе од 400 проекти се завршија или се во тек.
Изложбата, која е дел од серијата настани по повод Денот на ослободување на Битола – 4 ноември, за јавноста ќе биде отворена до крајот на ноември, а потоа се сели во Гевгелија.
Изложбата на фотографии „Партнери во реформите“ се подготви во соработка со Секретаријатот за европски прашања и Министерството за финансии.