На свеченото затворање на Битолското културно лето во Галерија Магаза се отвори изложба на фотографии на сликарот Сашо Ристевски составена од 16 панели на кои се наоѓаа фотографии од над 130 настани кои во изминатите 68 дена се случуваа во рамките на шестото издание на најдолгото и содржински најбогатото културно лето во Македонија – БИТ ФЕСТ.
Оваа изложба на Сашо Ристевски кој 20 години работи како фоторепортер во Битолски весник, е трета по ред на тема ,,Бит фест”.