Џез концерт на Оскар Салас и Тони Китановски трио

Џез концерт на Оскар Салас и Тони Китановски трио

 

   Џез концерт на Оскар Салас и Тони Китановски трио – оригинална музика, симбиоза на повеќе различни африканско кубански стилови, во стил на модерен ритам.

   Оскар Салас е еден од најреномираните перкусионисти од кубанската традиција во светот.  Неговиот настап на БИТ ФЕСТ ќе ги донесе во градот автентичните звуци на кубанската салса и сон музика, а се препорачува и публиката со себе да понесе чевли за танцување.

   Пратечкиот состав е симбиоза и со македонски еминентни музичари.

   Оскар Салас ја посети Европа како дел од соработката со Тони Китановски која започна со учеството на Салас на новиот албум на Китановски.  Оскар Салас е еден од најбараните студиски музичари во центарот на афро кубанската музика денес, Мајами Флорида.