„Широк Сокак во бело“ настан каде благодарение на единственоста на десетте локали кои се обединија под една боја – бела боја. La vita e bella: Портал2, Симбол, Папаз кафе, Кафе ин, Инстинкт, Игучи, Легенд, Данте, Лектира и Пица ресторан Милениум под еден звук ги забавуваа гостите. За настанот Широк Сокак во бело кафе баровите добија поддршка и од АМСТЕЛ. За музичкиот дел во овој голем дел на Широк Сокак се погрижија DJ Бобан, DJ Ацика и специјалниот гостин Кирил Џајковски. Пред настапот на Џајковски, покровителот на фестивалот, кој ја поддржува и оваа специјална вечер во Битола, Градоначалникот Владимир Талески, ги поздрави гостите на Широк Сокак, потсетувајќи ги за се она што досега можевме да видиме и слушнеме во рамките на БИТ ФЕСТ.
Голем огномет на полноќ ја објави веста: ,,БИТ ФЕСТ 2011 СВЕЧЕНО ЗАВРШУВА”