БИТ ФЕСТ ПРОМОЦИЈА НА КНИГА „ПОВОДИ“ НА МЕНДЕ МЛАДЕНОВСКИ

БИТ ФЕСТ ПРОМОЦИЈА НА КНИГА „ПОВОДИ“ НА МЕНДЕ МЛАДЕНОВСКИ

 

Во Културниот центар „Магаза“ беше промовирана книгата „Поводи“ на битолскиот новинар и публицист Менде Младеновски, актуелен директор на неделникот „Битолски весник“. Книгата содржи дел од колумните на Младеновски објавени во текот на 2011 година во неделникот, а ја промовираа писателот и книжевен критичар Љубомир Груевски и Зоран Димитровски, главен и одговорен уредник на „Нова Македонија“.