БИТФЕСТ – СТАРОГРАДСКА ВЕЧЕР

БИТФЕСТ – СТАРОГРАДСКА ВЕЧЕР

 

Вљубениците во староградската музика оваа вечер уживаа во промоцијата на 12 новокомпонирани староградски песни во рамките на Староградската вечер која се одржа пред Домот на АРМ во Битола. Свој настап оваа вечер имаа реномирани солисти и група од Битола.
„Старото маало…“Битола ги има многу, ама моето е најубаво…
Со голем број зборови кои потсетуваат на битолските богатства, на големите љубови и убавите спомени, многубројната публика пред Домот на АРМ прошета низ спомените од битолските маала, уживајќи во прекрасните звуци на оваа музика.