БИТФЕСТ 2013 -КОНЦЕРТ НА AD GLORIAM BRASS – ЗАГРЕБ

БИТФЕСТ 2013 -КОНЦЕРТ НА AD GLORIAM BRASS – ЗАГРЕБ

 

Во Културниот центар Магаза во Битола се одржа исклучителен концерт на АД Глориам Брасс.
AD GLORIAM BRASS“ е состав од шест членови на лимени дувачки инструменти од оркестарот при операта ХНК во Загреб, Симфонискиот оркестар ХРТ и Загребачката фрилхармонија. Основан е во 1993 година и оттогаш непрекинато работи со малку изменет состав. Нивниот репертоар го сочинуваат дела на европски и хрватски мајстори, од ренесансата и барокот ( F.Sponga, V.Jelic, J.Clarke, H.Purcell, G.F.Handel, J.S Bach), дела на современи хрватски автори, од кои некои се напишани посебно за овој ансамбл (A. Klobucar, S.Dedic, M. Miletić, A. Igrec, Z. Juranić…). Особено е важно да се истакнат петте преизведени композиции на старохрватски мајстори Franceska Sponge Uspera на Осорските музички вечери 1997, 1998 и 1999 година. Имаат настапувано на многубројни солистички концерти (Осорски музички вечери, Вараждински барокни вечери, Детски фестивал Шибеник, Загребски барокни фестивал, Салон Очиќ – Загреб, Вечери во Донато- Задар, Минхен, Сараево, Битола, Скопје, Сплит, Чаковец, Сисак, Ровињ, Денови на хрватска музика (Опатија, Пула), концерт со еминентни хрватски уметници (Лидија Хорват – Дуњко, Марио Пензар, Игор Лешник, концерт на Загребски квартет на саксофони..) и (Св.Марко, Палма), како и учество на многубројни снимени емисии за Хрватската радио и телевизија.