БИТ ФЕСТ 2013: ЛЕТ НАД КАНДИДАТСКОТО ГНЕЗДО

БИТ ФЕСТ 2013: ЛЕТ НАД КАНДИДАТСКОТО ГНЕЗДО

 

Во народниот театар во Битола,  како дел од битолското културно лето БИТ ФЕСТ гостуваше Театар комедија од Скопје со театарската претстава Лет над кандидатското гнездо. Голем број гости ја преполнаа салата уживајќи во една поинаква претстава за која режисерот Андреј Цветановски вели: „Хероизмот е суштински елемент за секој народ и историја. Тој всушност претставува опевање на “заслужните“ дејци, создавање на идоли кои треба да се почитуваат и сакаат. Во македонската култура и традиција, јунаштвото е архетип кој македонскиот народ го создава кога му е најтешко. Оваа претстава носи поинаква визура и поглед на епските херои на македонската бит, поинаква слика за тоа какви се тие херои и една опачина на ликот и делото на јунаците. Дали тие во нашата денешница уште би се сметале за јунаци? Дали нивните раскажувања за тоа како било и како ќе биде ни се нас сега доволни? Кога ќе станeме и ќе направиме нешто со своите животи, наместо да правиме реминицсенции на минато?
 „Лет над кандидатското гнездо“ е всушност сателитска снимка на нашите измешани соништа, во кои сами си ги создаваме нашите варвари а потоа се чудиме зошто комедијата се претвора во ехо од крик, кикот и врисок.