БИТФЕСТ 2013 – БУС ФЕСТ

БИТФЕСТ 2013 – БУС ФЕСТ

 

V-от по ред BUS fest или Bitola United Summer fest e единствениот традиционален ХИП ХОП фестивал во Битола, кој оваа година доби и интернационален карактер.
Покрај групите од Македонија , како Стиховно Војување, Поетика,Тракер, Арди, S.N.S и други изведувачи,вечерта  ја затворија гостите од Србија, легендите на балканската рап сцена, ненадминливите CYA.
CYA се една од највлијателните групи на Балканот и пошироко.
Со четири албуми зад себе и повеќе од 20 години кариера CYA оставија траен белег врз музичката сцена.
Хитовите како Kad se vozimo, Bolje vreme, Socijala, Decko usponu, се безвременски хитови на повеќе генерации.Оваа година, BUS fest се одржуваше во летниот клуб Лектира Кабаре.