БИТФЕСТ 2013 – ФЕСТИВАЛ РЕНЕСАНС НА БИТ ФЕСТ

БИТФЕСТ 2013 – ФЕСТИВАЛ РЕНЕСАНС НА БИТ ФЕСТ

 

Вчера на БИТ ФЕСТ започна фестивалот Ренесанс кој претставува мултимедијален проект и опфаќа настапи на бендови, дџ-и, изложба на фотографии, изложба на оригами, стрип бордови и театар на сенки.
Идејата за самиот фестивал е поттикната од потребата за уметнички израз, претендирајќи пред се локални артисти, независно од правецот на уметноста во кој делуваат. Фестивалот е замислен како дружење и разменување на идеи помеѓу артистите и публиката. Истиот претставува независен уметнички проект. Во рамките на синоќешната програма се одржаа настаните Либротека (размена на книги, списанија, уметнички ракотворби, слики, цд-а), Изложба на Фотографија и ди – џеј сетови со  Александар Попоски, Димитар Додовски и Сир Гоце.