БИТ ФЕСТ: ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ОД МОЈ АГОЛ“

БИТ ФЕСТ: ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ОД МОЈ АГОЛ“

 

Книгата „Од мој агол“на авторот Менде Младеновски се објавува во рамките на едицијата „Поводи и погледи“, на битолскиот новинар и уредник на Битолски весник.
Во книгата „Од мој агол“, поместени се 46 колумни кои авторот Менде Младеновски ги има објавено на страниците на Битолски весник во 2012 година.
Во културниот центар Магаза, книгата ја промовираа нејзините рецензентите, професорот по новинарство и комуникологија Проф. Томе Груевски и познатиот битолски новинар и публицист Панде Манојлов и помошникот на главниот уредник на „Нова Македонија“ – Марјан Велевски.