БИТФЕСТ 2013 – АКТУЕЛНА ПАРОДИЈА „НИ ВАМУ, НИ ТАМУ“

БИТФЕСТ 2013 – АКТУЕЛНА ПАРОДИЈА „НИ ВАМУ, НИ ТАМУ“

 

На сцената под ротација во Народниот театар – Битола беше изведена актуелната пародија „Ни ваму, ни таму“ со актерите Љупчо Тодоровски – Упа и Симеон Дамевски – Мони – самостоен проект изведен во МНТ.
Со едноставна и скромна сценографија и костимографија, впрочем како што се речиси сите самостојни и камерни претстави, но со силен емотивен набој, ангажирани пораки и привлечна игра, изведбата на дуодрамата “Ни таму, ни ваму” со актерите Љупчо Тодоровски – Упа и Симеон Дамевски – Мони, на сцената под ротација, никого не остави рамнодушен. Напротив, двајцата актери имаат создадено актерски ликови, кои се надополнуваат и надградуваат, па не случајно добиваат аплаузи на отворена сцена, но и на крајот од изведбата која протечува во спонтана, природна и доживеана игра.