НАБАВЕНО СПЕЦИЈАЛНО МОТОРНО ВОЗИЛО – ЦИСТЕРНА ЗА МИЕЊЕ УЛИЦИ

НАБАВЕНО СПЕЦИЈАЛНО МОТОРНО ВОЗИЛО – ЦИСТЕРНА ЗА МИЕЊЕ УЛИЦИ

 

Заради подобрување на условите и зголемување на ефикасноста на ЈКП Комуналец со што поголем опфат на активности на поголем број улици, претпријатието набави специјално моторно возило – цистерна за миење улици. Бенефитот од возилото е голем затоа што со него се зголемува квалитетот на хигиената и јавната чистота околу одржувањето на јавните површини: градски сообраќајници, тротоари, пешачки патеки, паркинзи итн. Ова е еден проектите предвидени во програмата на градоначалникот на општина Битола за периодот 2013-2017 во делот урбанизам и животна средина.
„Она што го ветивме и го исполнуваме. Набавивме возило за ЈКП Комуналец кое извршува повеќе функции, така што не само редовно и максимално ќе се исполнува законската обврска за чистење на улиците низ општина Битола, тоа може да помага и во делот на асфалтирање, но и да се наводнуваат и зелените површини на оние улици каде што нема можност за наводнување со технолошка вода, заради тешкиот пристап. Со ова возило тоа може да се прави. Возилото е во вредност од 2 700 000 денари. Овие стотина дена од новата локална самоуправа навистина се реализираат голем број проекти, изјави Градоначалникот на општина Битола, м-р Владимир Талески.
Денеска на терен беше прикажана мултифункционалноста на ова возило кое ќе придонесе за значително зголемување на хигиената во градот:
„Ова возило има инсталирано комплетно нова надградба од реномирани производители. Во развиениот свет вакви возила одат и во комбинација со други додатоци, така што на пазарот се многу ретки. Ние имавме можност да го набавиме така што во иднина ќе имаме голем бенефит и ние како јавно претпријатие и она што значи обврска согласно законот за јавна чистота. Граѓаните тие обврски што ги плаќаат за отпад, за јавно зеленило, за јавна чистота, ова е наменско трошење на тие пари, а придобивките се многу поголеми во однос на она што е неговата главна намена зголемување на нивото на хигиена и поголема продуктивност во однос на работењето со ова возило, изјави Зоран Соклевски, директор на ЈКП Комуналец.