НУУБ “Свети Климент Охридски” на плоштадот „Магнолија“ го презентираше проектот “Автоматизирано библиотечно пребарување достапно до сите”
Целта на видео презентацијата беше сегашните и идните корисници на библиотечен материјал да се запознаат со технологијата и начините на пребарување во библиографско каталожната база на податоци во битолската библиотека која е достапна on line.
Со помош на web апликацијата COBISS/OPAC можат да се користат три начини на пребарување прилагодени врз знаењето на корисниците (основен, изборен и напреден). Пребарувањето е web ориентирано, секој може од дома да врши пребарување во било која библиотека во Македонија и во некои библиотеки во соседните земји.. После пребарувањето корисникот може да провери дали библиотечниот материјал е достапен и доколку е достапен истиот може да го резервира.