БИТ ФЕСТ 2011 Градски парк концерт "Against Them all"

БИТ ФЕСТ 2011 Градски парк концерт "Against Them all"

 
“Against Them all” e име кое се препознава веќе во цела Македонија.  Станува збор за бенд од пет члена Златко Злте Никодиновски (бас гитара), Никола Димитров (тапани), Зоран Наумов (втора гитара), Владко Симоновски (прва гитара) и Никола Источки (вокал).
 
На локално ниво бендот досега имал 14 настапи, вклучувајќи ги и оние бендови надвор од Македонија како Eye of Judgment (Холандија), insult (Полска) и други.  Има настапувано на познатиот андерграунд фестивал Дојди Веслај Фест во Струга, двапати се четвртопласирани на Винер фест во 2008 година, второ место на Тотал Демо Фест во Скопје, настап на “Школка” по повод “Ден на млади во акција” во Скопје, Metal batle победници на државно ниво, настап во Бања Лука, прифатени од стручното жири на Јелен Демо Фест 2011.
 
Бендот е во финална фаза на нивниот прв демо албум кој треба да се промовира во текот на месец август 2011 година, а истовремено работи и на нивниот втор демо албум.