БИТ ФЕСТ 2011 Летна сцена ТУМБЕ КАФЕ – TAVITJAN B R O T H E R S

БИТ ФЕСТ 2011 Летна сцена ТУМБЕ КАФЕ – TAVITJAN B R O T H E R S

 
 
Исклучителна локација – несекојдневен концерт на браќата Гаро и Диран Тавитјан.  Новиот амфитеатар на Тумбе кафе го исполни магијата на звукот од најдобрите џез музичари во Македонија.  Музичкиот спектар на овие извонредни музичари започнува од џез, етно и електронски елементи во современ начин со акцент на вклученост на посебна музичка виртуозност.
 
Со своите големи успеси и исклучителни способности браќата Тавитјан  во Летната сцена Тумбе кафе, направија спој на виртуозноста и амбиенталноста. Летната Сцена Тумбе кафе е прекрасно место на кое може да се проследи еден ваков извонреден концерт.