БИТ ФЕСТ 2011 Прв интернационален детски театарски фестивал "Битолино"

БИТ ФЕСТ 2011 Прв интернационален детски театарски фестивал "Битолино"

 
За првпат во нашата држава, во рамките на БИТ ФЕСТ  се одржа интернационален детски театарски фестивал наречен “Битолино”.  Овој фестивал се одржа од 05.08 до 07.08 и  во текот на трите фестивалски денови  се обидоа да го задржат вниманието на детската публика.
 
Првиот интернационален детски театарски фестивал свечено беше отворен со претставата “Црвенкапа”во режија на Јован Ристовски на Детски театар од Битола, Македонија.  Мало слатко изненадување за публиката беше и омилениот Зоки Поки – Николче Пројчевски кој  го отвори Битолино.
 
Битолино – првиот интернационален детски театарски фестивал свечено ќе биде затворен со театарската претстава “Камења” од Мала сцена Загреб Р.Хрватска.  Претставата ќе се одигра во Големата сала на Центарот за култура.
 
За време на трите фестивалски денови во рамките на Битолино се одржува и театарски работилници со Дарко Ковачовски.
 
Битолино на БИТ ФЕСТ ја потврдува упорноста и љубовта на младите луѓе кои се основачи на детскиот театар Петар Стојковски – Бабец и кои навистина вложуваат големи напори за раздвижување на детскиот театарски живот во Битола и во Македонија.