БИТ ФЕСТ 2011 – Изложба "Игра и предел" Љубица Мешкова Солак

БИТ ФЕСТ 2011 – Изложба "Игра и предел" Љубица Мешкова Солак

 
 
Во салонот на ДЛУБ се отвори изложбата “Игра и предел”која е  продолжение на досегашните два циклуси ИГРА и ПРЕДЕЛ на кои Љубица Мешкова Солак континуирано работи од 2000 година, но овојпат ги обединува во едно:”Игра и предел”.  Сликите – објекти во просторот ја покажуваат играта на Солак со линиите и бојата преку геометризам и потенцирана црна линија и формат – исклучиво коцки, конципирани како “полиптис”(повеќе слики во една), нешто што е длабоко врежано во нејзиното алтер его – детето, односно играта.  Во нејзините дела тоа се провлекува веќе подолго време, почнувајќи потсвесно, како идеја, за подоцна да се трансформира и се работи и разработува се повеќе и повеќе. 
Во 2008 година ја добила наградата “Борислав Траиковски – успешно ликовно остварување ДЛУБ.Учествувала на голем број групни изложби во земјата и надвор од неа.  За 2011 година карактеристична е изложбата во ДЛУБ и Магаза како годишна изложба.