БИТ ФЕСТ 2011 – ГУДАЧКИ КВАРТЕТ „AIR STRINGS“

БИТ ФЕСТ 2011 – ГУДАЧКИ КВАРТЕТ „AIR STRINGS“

Air Strings е необичен состав од сопран саксофон, виолина, виола и контрабас. Кога овие инструменти се наоѓаат во рацете на Петар Христов, Владимир Цветковски, Владимир Димовски и Митко Иванов прават извонреден квартет- спој на дувачки и гудачки инструменти, кои звучат класично, a модерно.
Air Strings или Ренесансери (како што се нарекуваа претходно) е бенд кој го создале пред година и половина, кога добиле идеја да направат нешто ново, интересно и привлечно за уво. И навистина, нема друг таков бенд во Македонија. Многумина ги споредуваат со Апокалиптика, но сепак тие прават навистина нешто посебно. Можете ли да замислите како би звучела песна на Ријана или на Бритни Спирс  изведена на контрабас, виола, виолина и сопран саксофон? Ние знаеме: извонредно! Air Strings можат да се пофалат со голем број свирки низ локали и клубови, како и на фестивали низ цела Македонија. Имаа и настапи во Холандија и Германија. На нивниот репертоар се светски поп и рок хитови, електронска и филмска музика адаптирана на нивните инструменти.