БИТ ФЕСТ 2011 – АКТО ФЕСТИВАЛ ЗА СОВРЕМЕНИ УМЕТНОСТИ

БИТ ФЕСТ 2011 – АКТО ФЕСТИВАЛ ЗА СОВРЕМЕНИ УМЕТНОСТИ

 Дел од Битолското културно лето Битфест  е Интернационалниот Фестивал за современи уметности АКТО  шесто издание кое ќе се одржи од 11-14. август во Битола.
Самиот фестивал опфаќа визуелни уметности, изведувачки уметности, музика и теорија на култура.
Организатори на Фестивалот се уметничкиот директор и селектор Филип Јовановски, продуцентите Александар Јовановски и Борче Димитровски а извршен продуцент е Никола Димитровски.
Куратор на дел од изложбите и перформансите и селектор е Никола Узуновски.
 Фестивалот АКТО е дел од Битолското културно лето Битфест  што пак е во организација на општината Битола и градоначалникот Владимир Талевски .

Оваа година на АКТО како дел од уметничката програма ќе има 30-тина еминентни учесници  од Македонија, Италија, Хрватска, Бугарија, Мексико и Финска, додека во музичкиот дел преку дваесет познати музичари од Македонија Србија и Канада.

АКТО за своја насловна тема ја избра РАБОТИ (НИКОГАШ) ! Како повод за темата е графитот што францускиот филозоф Ги Дебор го испиша на еден зид од улицата покрај  Сена во Париз кој гласеше Ne travaillez jamais /  РАБОТИ НИКОГАШ !