БИТ ФЕСТ 2011 Прва самостојна изложба на ракотворби-чипки „Рувото на Хелена“

БИТ ФЕСТ 2011 Прва самостојна изложба на ракотворби-чипки „Рувото на Хелена“

Изложба на рачно изработени чипки од страна на авторката Светлана Петковска. Изложбата има за цел да ги спои заборавената традиција на нашите мајки и баби за подготовка на руво (чеиз, приќе, како што се вика во поедини делови на Македонија) за своите ќерки. Ако денес е сосем заборавена оваа традиција, пред само 20-тина години, девојката не можеше да се омажи без везен и плетен чеиз, кој се изложуваше во петокот пред свадбата на девојката.
Хелена, мојата внука, која сега има само 1,5 година ќе биде една од оние кои ја негуваат македонската традиција, ќе има руво кое го спреми нејзината баба, вели Петковска која по професија е електро инжинер.