Во Центарот за култура се одржа концерт “Незаборав” – во чест на Јонче Христовски во живо со групата “Боеми” и познати битолски пејачи
Јонче Христовски е роден во Битола во 1933 година, а умрел во Скопје во 2000 година. Христовски бил познат македонски пејач, текстописец и композитор на песни во народен дух, исклучително популарен естраден уметник, кој славата на македонскиот мелос ја пренесувал низ целиот свет. Создал сопствен интерпретативен стил, препознатлив и комуникативен со публиката.
На концертот Незаборав се слушаа неговите песни во изведба на познати битолски пејачи:Билјана Дамјановска, Борче Наумовски, Бојан Стојков и многу други. На концертот беа испеани 12 песни од Јонче Христовски, а низ презентација на видео материјал се потсетивме на битолските локации, каде Христовски ги пееше своите песни..
Организатор на концертот во чест на Јонче Христовски е Панде Димитровски, кој и минатата година во рамките на Бит Фест организираше концерт”Незаборав” за Сашка Петковска.