БИТ ФЕСТ 2011 -"Традиционалната архитектура на потпелистерието"

БИТ ФЕСТ 2011 -"Традиционалната архитектура на потпелистерието"

 Изложбата се состои од документарни фотографии и техничка документација за архитектурата во селата на Потпелистерието. Таа е резултат на еден долгогодишен проект со наслов “Истражување и документирање на традиционалната архитектура во Потпелистерието”. Целта на изложбата е афирмирање на оваа архитектура како дел од етнолошкото недвижно културно наследство, афирмирање на етнологијата како наука и професија.  Исто така подигнување на свеста за значењето на оваа архитектура како дел од културното наследство на Македонија.  Автор на оваа изложба е етнологот конзерватор, советник М-р Викторија Момева Алтипармаковска која сите истражувања и анализи на овој предел ги инкорпорира во своите пишани трудови.
Во дворот на магазата, граѓаните можеа да погледнат 3 етнолошки филмови.  Станува збор за филмовите “Другарување”(Прва награда”Златни сунцокрет” на 34 меѓународен фестивал на аматерски филмови ЖИСЕЛ (животот на село) во Омољица, 2004 г,награда за најдобар филм на тема:Традиционалниот живот на село која ја доделува етнографскиот музеј од Белград на истиот фестивал), “Фрлање на крстови”(награда за најдобар домашен филм на 15 меѓународен фестивал на етнолошки филмови во Белград, 2006 г.,награда за функционална употреба на звукот и награда за најдобар филм на темаТрадиционалниот живот на село која ја доделува етнографскиот музеј во Белград на 36 Меѓународен фестивал на аматерски филм ЖИСЕЛ, Омољица, 2006 година), “Траење”(златен факел за тема – етнологија на 6 Меѓународен фестивал за документарен филм во Велика Плана – Србија, 2011г) филмови на Даница Џокиќ, етнолог, музејски советник од НУ Завод и музеј Пожаревац.