Кино видео клуб Милтон Манаки – придружна манифестација “Старата архитектура на Битола низ објективот на младиот фотограф.
Фотопрезентацијата беше на отворено цел ден со проекцијата на филмовите пред платото на Магнолија, а филмската проекција во предворјето на објектот Магаза. Вториот настап само со филмскиот избор беше на Тумбе кафе – АМФИТЕАТАР.
Проектот се состои од две целини поврзани помеѓу себе како целина но со два настапи на фотографија и филм, бидејќи и Манакиеви се занимаваа со двете изразни особини – филм и фотографија.
Преку фотографијата се има за цел да се прикаже активноста на младите фотографи кои активно работат при фото клубот “Стив Наумов” при Народна техника, а додека преку филмската проекција се сака на јавноста да и се прикажат дел од најдобрите филмови наградувани од страна на градот.домаќин и градоначалникот со голема плакета градот на филмот со плакета за најдобра камера на последните 6 фестивали на ФАДФ “Камера 300”
Носител на проектот е Кино клубот “Студио Милтон Манаки” Битола, а придружен партнер е ФОТО КЛУБ “Стив Наумов” и двата во состав на Народна техника.