Во рамките на манифестацијата “Fashion weekend” пред битолчани и пошироката јавност беа претставени најновите колекции на познатите модни креатори од Македонија. Покрај познатите и афирмирани македонски модни имиња, на модната недела се претставија и дебитанти-новопромовирани имиња во светот на модата.
На овој настан беа претставени и битолските малостопанственици кои на пошироката јавност им ги претставија моделите кои ги нудат во своите бутици.