БИТ ФЕСТ 2011- Изложба на графики на Маја Ковачевска

БИТ ФЕСТ 2011- Изложба на графики на Маја Ковачевска

 
Родена е 1987 година во Битола, а во моментот е на постдипломски студии на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.  Има добиено повеќе награди и пофалници: 2009 година Награда “Драгутин Аврамовски-Гуте”, 2010 година диплома за најдобар студент од графички отсек.  Учествувала на повеќе групни изложби и колонии:  2008 Ликовна колонија на млади ликовни уметници од Македонија и Русија – Кочани,2008 година Соработка на ФЛУ, ФМУ и ФДУ изложби концерт и претстава во еден ден, 2009 ликовна колонија Нижо Поле Битола, 2009 година Изложба на Универзитетска библиотека “Свети Кирил и Методиј” – Скопје, 2009 година групна изложба на слики, цртежи, монотипии од еднонеделниот престој во Пелинце, Кумановско во културен центар ЦК Скопје, Изложба на друштво на ликовни уметници Битола, 2010 година Остен, светска галерија на уметноста на хартија – Скопје, 2011 Изложба на друштво на ликовни уметници Битола.  Во 2011 година за одбележување е нејзината прва самостојна изложба на графики и цртежи “Времеплов”при МКЦ Битола.