Во Народниот театар се одржа театарска претстава ,,Обична приказна” од Марија Ладо во режија на Љупчо Ѓоргиевски
,,Обична приказна” на многу едноставен начин зборува за смислата на човековото постоење, за заборавените и потиснатите вредности заради кои единствено вреди да се живее. Тоа е приказна за љубовта која не е привилегија само на човекот, туку право и на животните. Токму таа љубов, чиста во својата есенцијална форма го потсетува човекот на заборавените животни вредности и му помага тие повтопрно да излезат на површина како би се спасил од самиот себе – вели Љупчо Ѓоргиевски.
Битолскиот народен театар со претставата ,,Обична приказна” гостуваше во Торонто, Канада, а на фестивалот Војдан Чернодрински во Прилеп на актерот Николче Пројчевски му беше доделена награда за најдобар млад актер.